Ѓорчев се сретна со британски пратеници и лордови, вели го користел името „Македонија“
Влатко Ѓорчев, несудениот кандидат за претседател на Македонија, при посетата на Обединетото Кралство се сретна со пратеници од Конзервативната и Лабуристичка партија, како и со членови од Домот на лордовите, при што нагласи дека во комуникацијата го користел старото официјално име на земјата.
„На сите средби го користев името МАКЕДОНИЈА и ги информирав за состојбите во нашата држава. Велика Британија е важен партнер, пријател и сојузник на Македонија. Мора да ги засилиме политичките и економските односи“, напиша меѓудругото Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.
Пратеникот ја поддржува Гордана Силјановска Давкова во кампањата за шеф на државата како избор на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
