Ѓорчев: СДСМ виде дека не е лесно решавањето на спорот за името
СДСМ виде дека не е лесно да се преговара со Грција и да се реши прашањето за промена на името, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во гостувањето на Алсат ТВ.
Тој го коментираше делот од позитивниот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија кој денеска беше примен од Владата на РМ.
- Се работи за комплициран спор и СДСМ виде дека работата нема да оди лесно, Да беше така, тоа досега ќе го решеа владите на Бранко Црвенковски и Владо Бучковски - рече Ѓорчев.
Порача граѓаните да не се задоволуваат само со позитивниот извештај од ЕУ туку да бараат да им се решаваат секојдневните проблеми.
- ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подржува реформите кои се бараат од ЕУ, но за половина година ќе видиме дали граѓаните ќе добијат повеќе, во однос на фабрики, училишта, болници итн.- изјави опозиционерот.
