Ѓорчев: Решив да работам во реалниот сектор
Решив да работам во реалниот сектор, пишува на Фејсбук, екс пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
„Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа - ќе имаше критики. Ако одиш приватно - повторно критики и неколку честитки. Ако успееш - пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму“, напиша Ѓорчев на социјалните мрежи.
Тој долги години беше пратеник во македонското Собрание.
Слично
