Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорчев побара ДИК што побрзо да соопшти конечни резултати

Ѓорчев побара ДИК што побрзо да соопшти конечни резултати

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Државната изборна комисија што поскоро да соопшти кој колку мандати има. 

Вели партијата има победа во повеќе од 50 општини, а СДСМ тврди имаат победа во едвај десетина општини. 

„Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ победи, има кристална победа, излезе со чиста разлика. Време е ДИК да излезе и да ги соопшти резултатите. Загрижени сме што претседателот на ДИК, Александар Чичаковски си заминал денеска со изговор дека мора да оди да спие. Улога на ДИК е еднаш во 4 години или еднаш во 2 години да спроведе избори, да има кампања и да се спроведат избори, да се пребројат гласови. Да каже дали навистина спиел или бил на консултации и разговори“- изјави Ѓорчев. 

Тој рече дека во многу поголеми земји брзо се пребројуваат гласови и се соопштуваат резултати. 

Слично

Поврзани вести