Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинирал во Ниш

Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинирал во Ниш

Екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев информираше дека неговиот татко е во кома и се бори за живот на респиратор во Ниш. 

Toj е човекот за кој пишуваа српските медиуми дека е во кома по примањето на вакцината. 

„Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор. Се надеваме и се молиме да му се подобри состојбата. Да отвори очи и да го преживее ова. Повторно да ги види своите деца и внуци. Денес ми се јавија повеќе новинари со повеќе прашања, но не можев веднаш да кренам, како и голем број на негови роднини, пријатели и познаници. Вчера рано наутро (недела) тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Појде на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори. Стар човек (роден 1948 година), со 3 бајпаса и 3 стента. Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома. Речиси без излегување, со минимум, минимум социјални контакти поради ковид кризата. Татко ми има 72 години, а цели 45 години е доктор. Лечеше ИЛЈАДНИЦИ и ИЛЈАДНИЦИ луѓе на Клиниката за пулмологија во клиничкиот ценатр во Скопје. Спасуваше и спасува животи. Има пациенти од СЕКОЈ град речиси секое село. Низ цела Македонија, која толку многу ја сака. Да, силно ја сака Македонија и секогаш ќе ја сака со целото свое срце и битие. И, после 45 години стаж во лечење и медицина, власта во неговата сакана Македонија НЕ му обезбеди 1 (една) обична вакцина. Не обезбедија вакцини речиси за никого. Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, сеуште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце“, пишува Ѓорчев. 

Да бевме елементарно нормална држава, старите луѓе ќе беа вакцинирани уште пред неколку месеци, додава Ѓорчев. 

Слично

Поврзани вести