Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорчев: Иванов има право да не потпишува закони

Ѓорчев: Иванов има право да не потпишува закони

Во врска со непотпишувањето на указите на законите од страна на претседателот Ѓорге Иванов, заменик-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, истакна дека е загарантирано со закон и устав шефот на државата да може да ги врати на повторно разгледување во Собранието.

Според пратеникот ова се однесува на законите за кој претседателот на Македонија проценува дека не постои законска основа за да се донесе одлука.

"Претседателот Иванов врз основа на законот и Уставот има право да ги врати во Собранието законите што не ги потпишал", изјави Ѓорчев.

Тој исто така нагласи дека неговата партија веќе се подготвува за локалните избори во Охрид и Ново Село, каде што, вели тој, на граѓаните ќе им биде понуден кандидат кој ќе работи во корист на овие граѓани.


Слично

Поврзани вести