Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорчев гневен на Џафери, тој продолжи да му држи лекции

Ѓорчев гневен на Џафери, тој продолжи да му држи лекции

Пратеникот Влатко Ѓорчев по прекинувањето на паузата на седницата за избор на новата влада гневно му се обрати на Талат Џафери кој не го признава како претседател на Собранието, а му е лут што не дозволува процедурално обраќање.

- Немате право дискреционо да одлучувате дали ќе му дадете процедурално или, вие имате обврска според деловникот пратеник кога ќе побара да го добие. Дали Димовски, Милошоски, Ѓорчев или некој друг нема да добие. Секој од овие 51 пратеник ќе добие процедурално збор не затоа што тоа е ваша добра волја туку затоа што тоа е гарантирано. Јас имам право на слобода на говор која е темелна вредност на Уставот на Република Македонија. Јас имам право да зборувам за секој носител на државна функција, имам право да разговарам за меѓународна политика, затоа што тоа е моја слобода, а не ваша волја. 

Џафери потоа му се заблагодари на албански поради како што вели му се обраќале како пратеник, па им одговора како пратеник, за потоа на македонски да продолжи да му држи лекции на Влатко Ѓорчев.

- Да ве слушне некој со тонот на кој ми се обраќате дека кој знае колку ме исплашивте. со лупањето на говорницата овде ама апсолутно нема да ме исплашиш, тоа е твој однос кон институцијата парламент и тоа е твоја одговорност кон јавноста и немој друг пат да лупаш на клупата затоа што може да предизвика лоша реакција. Твоите права ги почитувам, но истите права ги имам и јас плус надлежност дадена од мнозинството на пратеници. Ако ти треба лекција по право ќе организираме на друго место, но овде сме должни да ги почитуваме надлежностите на тие кои од мнозинството се избрани. Добивте процедурално иако ништо не кажавте, возврати Џафери. 

Слично

Поврзани вести