Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорчепетровци блокираат улица поради дивоградба

Ѓорчепетровци блокираат улица поради дивоградба

Жотели од Општина Ѓорче Петров од улиците Македонска Преродба, Ѓурчин Кокале и Знеполе започнаа со мирен протест и блокирање на улицата Радушка поради тоа што инвеститор започнал со изградба на објект, како што вели организаторот, без одобрение за градба.
Од таму велат дека инвеститорот секојдневно превзема дејствија на кривично дело бесправно градење и додаваат дека во близина има и неколку други објекти кои се изградени на истиот начин и за кои сметаат дека треба да се гонат по службена должност.
Протестот ќе трае секој ден додека МВР и надлежните од Општина Ѓорче Петров не ја стопираат дивоградбата и не бидат поднесени пријави за сторителите. Организаторот вели дека улицата веќе е раскопана од јавните служби е една година не е санирана.


Слично

Поврзани вести