ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ БИДЕ НАЈСИЛНАТА СКОПСКА ОПШТИНА: Стојкоски вели дека изградиле многу, особено во инфраструктурата
Најдогвороно тврдам дека Ѓорче Петров ќе биде најсилната општина од сите скопски општини во наредниот период, кажа градоначалникот на општина Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски.
„Изградивме многу во сите делови, не само во инфраструктурата, но тука најверојатно се задржавме најмногу, бидејќи успеавме да реконструираме и да изградиме од ново над 150 улици, а во постапка сме во моментов за изградба на уште околу 90 улици или приближно 20 километри нова патна инфраструктура, вклучувајќи ги и урбаниот и руралниот дел од општината“, рече Стојкоски.
Кажа дека ги зголемиле капацитетите за сместување во детските градинки во општината.
„Во септември го отвараме првиот дневен центар за млади и адолесценти, за лица со одредена попреченост. Успеавме повеќе училишта да ги направиме со едносменска работа, но и да зголемиме капацитети на училишта. Градиме прва спортска сала во Хром. За првпат Ѓорче Петров доби терени на вештачка трева. Осум вкупно терени се изградени од ваков тип“, вели тој.
