Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓоковиќ: Ја видов поканата од Заев

Ѓоковиќ: Ја видов поканата од Заев

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ вчера по победата на гренд-слем турнирот Вимблдон на прес-конференцијата потврди дека ја видел поканата од македонскиот премиер Зоран Заев да го посети Охрид, но и дека не може да потврди кога точно тоа ќе се случи, пренесе Макфакс.

„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам”, рече светскиот рекет број еден.

Петкратниот освојувач на Вимблдон, покрај од Заев, доби слична покана и од охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.

Поканите следуваа во текот на турнирот откако Ѓоковиќ преку славеничко видео ја запеа песната „Македонско девојче“ и побара да му биде испратена фотографија од Охрид бидејќи многу му недостасувал градот.

Слично

Поврзани вести