Ѓоко Камчев го наследува Никола Груевски
Ѓоко Камчев од Валандово ќе го наследи поранешниот македонски премиер Никола Груевски на неговото пратеничко место во Собранието. Поранешниот пратеник од претходниот состав периодот од 2014 до 2016 е следен на изборната листа во гласачкиот реон 4.
Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија, откако се поизвесно е дека денеска Собранието ќе ја прифати писмената оставка на Груевски без да има гласање, иако владеачкото мнозинство претходно инсистираше тој да ја поднесе лично.
Седницата на која треба да се констатира оставката е закажана за во 12.30 часот.
Слично
