Ѓеорѓиевски и Мицкоска во посета: Малата Евгенија е трето дете на Камчеви
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, и сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, ја посетија малата Евгенија која е првото родено бебе во 2026 и посакаа добро здравје за мајката Емилија Камчева.
- Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест - се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.

Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост. Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, порача градоначалникот.

Евгенија е родена со царски рез и е трето дете на семејството Камчеви. Родена е со тежина од 2,8 килограми и висина од 48 сантиметри.
Слично
