ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија
Откако премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека станало практика амбасадори да се мешаат во внатрешните работи на државата, евроамбасадорот Дејвид Гир потсети дека владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија(ЕУ).
„Секако, ќе продолжиме да се ангажираме, со премиерот, со Владата да дискутираме за најдобрите начини да се продолжи напред, како и за останатите делови од системот. Очекуваме да продолжиме со конструктивен однос, зашто делиме иста цел – да се приклучи земјата во Европската Унија што поскоро“, рече Гир.
Мицкоски рече дека ако имаат решенија, треба да ги понудат. Македонија треба да прави реформи, но услов е и да ги внесе Бугарите во Уставот.
Слично
