ГИР: Уставните измени се прашање кое новата влада ќе мора да го реши
Уставните измени се прашање кое новата влада ќе мора да го реши, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир во вечерашното гостување во Топ Тема на Телма.
„Не мислам дека ситуацијата се има драстично променето од пред изборите до после нив“, рече Гир.
Додаде дека по скоро двегодишни преговори со Бугарија се постигнал договор со кој се одблокирал евроинтегративниот процес на Македонија, но и со кој земјава преземала одредени обврски.
Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат.
Слично
