Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИР: Се слушаат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на EУ

ГИР: Се слушаат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на EУ

Eвроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека не е точно дека Европската Унија(ЕУ) не ја сака Македонија. 

Тој реагира затоа што се шират гласини дека Македонија не може да влезе во ЕУ. 

„Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на Европската Унија дали затоа што Унијата не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Европската Унија. Ниту едно од овие тврдења не е точно. Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската унија. Патот е практичен и многу лесно остварлив“, изјави Гир.

Изјави дека патот на Европската Унија е пат на просперитет, на зајакнување на демократските вредности и владеењето на правото и е пат на стабилност. 
Македонските власти претходно тврдеа дека до 2030 година Македонија може да влезе во ЕУ. Црна Гора пак исто така планира до тој рок да биде дел од ЕУ. 

Слично

Поврзани вести