Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гир: Нашата загриженост беа измените на Кривичниот законик - дека ќе доведе до повеќе неказнивост и тоа го гледаме

Гир: Нашата загриженост беа измените на Кривичниот законик - дека ќе доведе до повеќе неказнивост и тоа го гледаме

Можноста за зголемување на неказнивоста со измените на Кривичниот законик била најголема грижа за претставниците на европската унија, што се покажало и по направените измени, посочи Евроамбасадорот Дејвид Гир.

- Она што го привлече вниманието и нашата загриженост беа измените на Кривичниот законик. Во тоа време бевме загрижени дека ова ќе доведе до повеќе неказнивост, тука беше и злоупотребата на европското знаменце, но главната загриженост беше дека ова би можело да доведе до поголеми можности за неказнивост. И она што го гледаме случај по случај со текот на времето е зголемена неказнивост, и сега увидовме дека постои празнина во еден дел од законот што приоритетно треба да се затвори - вели Гир, одговарајќи на прашањето за проблемот со корупцијата со кој се соочува земјава, што беше нотирано и во последниот извештај на Европската комисија, во интервју за МИА.

Корупцијата, наведува евроамбасадорот, го поткопува економскиот потенцијал на државата, ги поткопува иновациите, претставува еден од оние фактори што ги тера луѓето да ја напуштат земјата и секако претставува извор на нееднаквост и неправда.

- Затоа е многу загрижувачки што ноемврискиот извештај на Европската комисија кажува дека нема напредок во борбата против корупцијата. Нашето очекување е ова да биде една од главните области каде треба властите да бидат активни, борбата против корупцијата - истакна Гир, кој напомена дека има и светли примери, како работата на Државната комисија за спречување на корупција и на Државниот завод за ревизија, но додаде дека во борбата против корупцијата треба да се вклучат сите општествени чинители.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести