Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гиновска: Имало надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот на денот на пожарот

Гиновска: Имало надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот на денот на пожарот

Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево покажуваат зголемување на сите параметри од два до трипати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3.

Ова денеска на прес-конференција го потврди директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска.

„Во петок ќе знаеме какви тешки метали се дигнаа над Скопје, а од гасовите има прелиминарни резултати кај кои има надминување на дозволените вредности. Поставени се мерни станици за да го следиме дневното ниво, да се следи квалитетот на воздухот за да се знае колку се безбедни граѓаните во близина на пожарот“, вели Гиновска.

Директорката потенцираше дека до петок од акредитираната лабораторија ќе бидат достапни резултатите за мерењата за тешки метали во воздухот кои биле земени истиот ден кога избувнал пожарот, а дополнително кога ќе се создадат услови ќе се направи контрола на водата и почвата.

Слично

Поврзани вести