Гинекологот Асани е осуден на три години затвор за случајот со Јилдиз Веапоска
Мухамед Асани, гинекологот кој на Јилдиз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој таа остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора.
Другите двајца обвинети лекари, синот на лекарот, Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението.
Веапоска ќе се жали бидејќи не е целосно задоволна. Настанот се случи пред неколку години во Општата болница во Струга.
фото МИА
Слично
