Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гигант банкротира по 130 години, а сите ги носевме овие очила: Работниците отпуштени, ги чекаат 2,5 плати

Гигант банкротира по 130 години, а сите ги носевме овие очила: Работниците отпуштени, ги чекаат 2,5 плати

По повеќе од еден век постоење, германскиот производител на очила Menrad прогласи банкрот, оставајќи околу 100 вработени без работа.

Според информации од германските медиуми, по стечајната постапка, поранешните работници добиле вкупно околу еден милион евра од социјалниот програм, што во просек изнесува околу 2,5 месечни плати по вработен.

Стечајниот управник Флоријан Цистлер изјавил дека ова е максималниот износ што можел да се обезбеди, благодарение на продажбата на имотот и правата на брендовите.

Компанијата Menrad е основана во 1896 година во Швебиш Гминд и со децении важеше за еден од водечките производители на рамки за очила, соработувајќи со познати брендови како Jaguar, Joop и Pepe Jeans.

Сепак, во март 2025 година фирмата прогласи несолвентност поради сериозни финансиски загуби и неможност редовно да ги исплаќа платите. Поради недостиг на инвеститори за преземање на целокупното работење, сите вработени во седиштето останаа без работа.

Иако главната локација е затворена, дел од брендовите продолжуваат да постојат. Данската Design Eyewear Group ги презеде правата на марките Jaguar, Menrad и Joop, а дел од вработените од продажниот сектор продолжиле да работат кај новите сопственици.

Одредени активности, како дизајнот и маркетингот во Минхен, продолжуваат со работа, но компанијата во својата оригинална форма престана да постои.

Kurir

Слично

Поврзани вести