Ги Верхофштад: Македонија нема време за губење, во прашање е нејзината иднина
Иднината на Македонија е во прашање, изјави денеска во Брисел претседателот на Групата на либералите во Европскиот парламент Ги Верхофштад, поранешен премиер на Белгија, објави Новатв.
Тој реагираше на информациите дека во Македонија на сцената е национализмот кој е најдобар начин да се уништи европската перспектива на Македонија. Вели дека распалувањето на национализмот е најдобриот рецепт за уништување на европската иднина на секоја земја.
„Македонските политичари не сакаат да ја напуштат власта и со тоа ризикуваат да предизвикаат меѓуетничка конфронтација. Наместо тоа, треба да ги почитуваат резулатите од изборите, да преземат сериозна одговорност и да дозволат фомирање влада. Македонија нема време за губење. Сега е во прашање нејзината иднина”- изјави Верхофштад.
Слични пораки од европските политичари се упатени деновиве кон Македонија.
