Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ УБИЛ БРАТОТ И СНААТА - Двојно убиство во Гевгелија, брзата помош не можела да направи ништо

ГИ УБИЛ БРАТОТ И СНААТА - Двојно убиство во Гевгелија, брзата помош не можела да направи ништо

Вистинска трагедија се случила вечерва во Гевгелија, каде повозрасен гевгеличанец го убил својот брат и неговата сопруга, односно снаата. 

Како што информираат од МВР, Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).

Веста ја потврдиле од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.

Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Ина медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.

Увид на местото на убиството извршил Јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција. 

Слично

Поврзани вести