Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги тргнаа буквите ЗДРАВјЕто ни го зедоа!!!“ - ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ОБЈАСНИ ЗА ГРЕШКАТА, АМА ШЕГИТЕ ОСТАНАА

Ги тргнаа буквите ЗДРАВјЕто ни го зедоа!!!“ - ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ОБЈАСНИ ЗА ГРЕШКАТА, АМА ШЕГИТЕ ОСТАНАА

Откако предизвика бројни шеговити реакции на социјалните мрежи, битолските локални власти ја тргнаа згрешената новогодишна декорација, односно погрешно, па дури и комично испишаниот збор З Д Р А Вј Е, со кој преку светлечка реклама сакаа да им ги честитаат новогодишните празници на своите сограѓани.

Сепак, како што објаснуваат од општинта, желбите за здравје до сограѓаните остануваат.

Новогодишната декорација во центарот на Битола на која имаше техничка грешка сега е отстранета, а за тоа сведочат фотографиите на социјалните мрежи. 

Од општината за медиумите објаснија дека визуелниот избор не е решение на општината, туку лично гледање на дел од вработените.

„Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат.

Денешната техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст.

Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство“, потенцирале од општина Битола.

Како што нагласуваат оттаму, декоративните елементи немаат никаква политичка или тенденциозна цел. 

„Нивната функција е единствено да внесат убавина во нашето секојдневие и да ни помогнат што полесно да ја пребродиме оваа нова реалност.

ЗДРАВЈЕ какво што сите посакуваме нека не исполнува, а Битола нека зрачи со светлината која нејзините граѓани ја заслужуваат“ стои во соопштението од општина Битола.

Оваа техничка грешка, а потоа и нејзината исправка, предизвика бројни шеговити коментари.

„Ги тргнаа буквите ЗДРАВјЕто ни го зедоа!!!“, напиша на фејсбук Божидар Божиновски.

„Битола годинава беше украсена 40 минути. Догодина и сат ќе ни остат украси ако сме мирни...“, е една од неговите шеги.

„Шефе нема доволнo арматура за Ј? Шефот: Hold my beer“, е една од досетките споделени на твитер.

„Абе види сега сфаќам дека не за џабе го смениле од Битола, Скопје да биде главен град! “, е една од шегите, а друга, пак, вели, „Сега знаете зошто нема аеродром во Битола“.

Слично

Поврзани вести