Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги тепал соседите со чекан по глава, еден убил и се пофалил на Фејсбук

Ги тепал соседите со чекан по глава, еден убил и се пофалил на Фејсбук

Страшен инцидент во Велес како од хорор филмовите. Вознемирен маж со чекан упаднал во куќата на своите соседи и најпрво нападнал една девојка додека спиела. Во обид да ја одбранат дошле нејзините родители, но и тие биле жестоко удирани со чекан по главо по што таткото починал.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место во семејна куќа, во која што утрово околу 02:00 часот е извршено кривично дело убиство.

Настанот се случил кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил.

Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал.

По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.

По извршување на делото, осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој известува дека ги убил „своите монструми“. Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.

Истовремено, јавниот обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и наредба за подигање на сите траги и материјални докази од местото на настанот.

Слично

Поврзани вести