ГИ ПРОНАШЛЕ СИНОЌА НА ИЗДВОЕНИ ЛОКАЦИИ: Планинарите што се изгубија на Кожуф се во добра состојба
Спасувачки екипи ги пронашле изгубените планинари на Кожуф, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во потрагата учествувале полициски службеници, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата.
„Вчера околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои во 17.30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф“, информира МВР.
Лицата се во добра здравствена состојба.
Слично
