Ги пријавил во полиција дека се собрале во месна заедница во Куманово
Граѓанин пријавил собир на шестмина во месна заедница, по што кумановската полиција утврдила дека тие не ги почитувале здравствените прописи. Пријавата се случила вчера попладне, откако соседите се собрале на дружење во месната заедница во населбата „Железничка станица".
-На 12.01.2021 година во 18.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на месната заедница во населбата. Железничка Станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" потврди СВР Куманово.
Од таму додаваат дека случајот е документиран и ќе биде поднесена соодветна пријава за прекршителите.
