Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ПОЧУСТВУВАВМЕ ПОЛАРНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: На Беровчани утрово им беше најстудено - 28 степени

ГИ ПОЧУСТВУВАВМЕ ПОЛАРНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: На Беровчани утрово им беше најстудено - 28 степени

Минусните температури уриваат рекорди.

Поларниот студ утринава се почуствува на територијата на цела земја.

Најстудено очекувано на крајниот исток.

Берово измери -28 степени на термометарот а четири степени помалку или -24 степени забележа Битола.

Крива Паланка и Лазарополе се разбудија со -23 степени, додека Тетово срегистрира -22 степени.

Во Скопје (Петровец) беа измерени -20 степени, а исто толку и во Штип и во Пожаране.

Нешто „потопло“ беше во Струмица каде термометарот регистрирал -18 степени а на Зајчев Рид се забележани -16 степени.

Во -10 степени уживаа пак Гевгеличани.

И во текот на денешниот ден се очекуваат температури под нулата а максималната вредност ќе се движи од  -10°С и -7°С.

Слично

Поврзани вести