Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ПЕЧЕЛЕ ОЧИТЕ: Граѓаните за Охис пријавиле во полиција

ГИ ПЕЧЕЛЕ ОЧИТЕ: Граѓаните за Охис пријавиле во полиција

Излевањето на хемикалија во фабриката Охис во полиција го пријавиле граѓани пред околу три часа, откако почувствувале непријатна миризба, болки во главата и печење во очите и во грлото.

Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА појаснуваат дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

„Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината“, изјави за МИА инспектор кој е на терен.

Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони. 

Фирмата има дозвола да препакува т.н. историски отпад кој го пакува во буриња и го извезува во Швајцарија. 

Слично

Поврзани вести