Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

Претседателката на државата,  Гордана Силjaновска Давкова ги одбра првите луѓе во нејзиниот кабинeт. Генерален секретар ќе биде дипломираниот правник Ѓорѓи Божинов, а негов заменик новинарот Горан Момировски.

Во биографијата на Божинов стои дека тој има 30 годишно работно искуство како правник во Министерството за земјоделство, во програмите за финансиска поддршка, бил дел и од процесот на јавните набавки, но и во области поврзани со реформите за влез во Европската Унија(ЕУ). Момировски е познат на јавноста, како новинар - уредник и водител во неколку национални телевозии, а бил дел и од јавниот сервис. Во 1999 година, Момировски бил назначен за шеф на одделот за комуникации при Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. Работел и како регионален координатор за комуникации на Црвениот крст. Момировски беше соработник на Силјановска Давкова и на претседателските избори во 2019 година.

Слично

Поврзани вести