Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ НАВРЕДУВАЛ ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВОЛАК: Кривична пријава за жител на Неготино

ГИ НАВРЕДУВАЛ ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВОЛАК: Кривична пријава за жител на Неготино

Неготинец доби кривична пријава откако упатил навредлив и погрден израз за жителите на село Криволак.

„ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од Неготино поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г став 2 во врска со став 1 од КЗ.Тој на 20.10.2025 преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа. На 21.10.2025 во ОВР Неготино се примени три пријави, а потоа и на 24.10.2025 од страна на 107 жители на село Криволак, неготинско, писмено е пријавено дека Љ.Т. од Неготино на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“, соопшти МВР.

Слично

Поврзани вести