Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги нарече „уличари“ и „слуги“: Граѓани токмат тужба против Груевски за навреда и клевета

Ги нарече „уличари“ и „слуги“: Граѓани токмат тужба против Груевски за навреда и клевета

Постојано расте групата на граѓанските активисти, учесници во протестот на „Шарената револуција“ кои ќе поднесат тужба против лидерот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ. Во овој момент повеќе од 1000 граѓани се пријавени во групата „Тужители“ која е отворена на Фејсбук.

Новинарот Томислав Кежаровски после синоќешната прес конференција на Груевски изјави дека ќе поднесе тужба бидејќи екс премиерот ги нарече „уличари“ и „Заеви слуги“: Исто така рече дека членовите на оваа група денес ќе изберат адвокат кој ќе ги претставува и да поднесе тужба за клевета и навреда.

Тој апелираше и на другите учесници на „Шарената револуција“ да ги поддржат.

Голем број граѓани ги објавуваат на социјалните мрежи своите фотографии од времето на „Шарената револуција“ истакнувајќи дека се горди што учествувале во тој граѓански протест

Слично

Поврзани вести