Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

Поради куче кое паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет останале ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“. Поради него, ниту мајсторите не можеле веднаш безбедно да интервенираат и да ги вратат на мрежа корисниците. 

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, денеска, се случил невообичаен настан, кога куче кое паднало во шахта ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ и без интернет од утрово, од околу 08.00 часот, останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје. 

Помош била побарана од ЦУК, кога оваа специфичната невообичаена ситуација почнала да се решава.

- Вработените од Телеком не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата. Конкретно, вработените од „Телеком“, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата, каде што било и кучето и околу 15.00 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат во контакт со ЈП „Лајка“ од Скопје, па, покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. 

Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ со вработените од Телеком за понатамошна заедничка постапка. Потоа, кога завршило успешно и безбедно вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот. 

Инаку, не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите - соопштуваат од ЦУК. 

Слично

Поврзани вести