Ги испратија првите пораки: Пендаровски во скопско, Силјановска на митинзи во Струга и Ресен
Мирно помина првиот ден од изборната кампања за претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април, а кандидатите ги испратија првите пораки и ветувања до граѓаните.
Пендаровски кој беше во посета на повеќе населени места меѓу кои и Пласница, Македонски Брод, Долнени, Лажани и Кривогаштани, но и Крушево порача дека граѓаните на овие избори ќе гласаат за политика која ја извадила Македонија од дното.
Кандидатката од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова од родниот град Охрид рече дека е натпартиски кандидат кој ќе ги застапува сите граѓани.
Од друга страна, заедничкиот кандидат на БЕСА и Алијансата на Албанците Блерим Река од главниот град Скопје рече дека ќе работи на враќањето на републиканизмот.
Според агендата, кандидатите денеска ќе митингуваат вака:
Стево Пендаровски од СДСМ ќе биде во скопско Сопиште, Студеничани , Центар и Аеродром.
Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе митингува во Струга и Ресен.
Во Охрид пред граѓаните ќе се обраќа пак кандидатот за градоначалник на тој град од редовите на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.
