Ги чекаме кинеските и вакцини од Фајзер, Србија ни донираше плус 13.000 од Спутник
Во земјава утре се очекува пратката на кинески вакцини, додека во мај ќе доаѓаат и оние од производителот Фајзер.
И додека се чекаат и на дозите преку ковакс системот, соседна Србија ни донираше дополнителни 13 000 вакцини од Спутник.
„Србија донираше дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“ на Северна Македонија“ изјави вчера премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека досега ни се донирани вкупно 48.000 вакцини.
По посетата на термоцентралата, Брнабиќ пред новинарите во Костолац изјави дека дополнителни 13 000 вакцини „Спутник V“ биле доставени до Северна Македонија доцна синоќа, во контингентот од 20 000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.
Таа потсети дека тие 20.000 вакцини биле доставени пред три недели.
Премиерката истакна дека има доволно вакцини за нивните граѓани и дека, доколку е потребно, Србија ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријатели и партнери во регионот.
"Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат во нормален живот. Тоа е инвестиција во заедничка безбедност и безбедност", рече Брнабиќ.
