Г.г.Стефан го венча министерот Бочварски
Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, вчера во храмот Свети Никола во Штип ја предводеше церемонијата при стапување во црковен брак на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со својата сопруга Маринела Серафимова.

„Вчерашниот ден за нас беше посебен со многу желби за среќа, убави и исполнети моменти во иднина. Беше огромна честа црковното венчавање да го предводи неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со Митрополитите г. Иларион и г. Јаков во храмот Свети Никола во Штип.

Ќе биде наше огромно задоволство заедно со пријателите во септември да прославиме и да ги споделиме убавите моменти“, објави Бочварски.

Со тоа министерот ја најави својата свадба наесен. Медиумите известија дека свадбата требало да се одржи синоќа, но по се изгледа станувало збор само за црковниот настан.

Слично
