Економија, финансии, бизнис

Контакт

Г.г. Стефан кај Нeoфит: Писмото што го испративме едногласно е прифатено од нашиот Свет синод

Г.г. Стефан кај Нeoфит: Писмото што го испративме едногласно е прифатено од нашиот Свет синод

Поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан денеска беше примен од бугарскиот патријарх Неофит. Ова е прва нивна средба откако МПЦ-Охридска архиепископија побара Бугарската патријаршија да биде нејзина црква-мајка и така да добие автокефалност, јавува БГНЕС.

Архиепископот Стефан беше придружуван од митрополитот Петар, одговорен за надворешните односи на МПЦ-ОА.

„Не е лек крстот кој бугарската црква го има, бидејќи досега ништо не е сторено за проблемот со македонската архиепископија. Ајде сега, со Божјата премудрост, учесниците во меѓуцрковната комисија да го донесат резултатот што го сакаме"- изјави бугарскиот патријарх Неофит во емисијата „Вера и општество". 

Македонскиот архиепископ Стефан се заблагодари на сите во Бугарија кои ја поддржуваат желбата на МПЦ да добие признание за својата независност. 

„Писмото што го испративме до Бугарската патријаршија дека таа може да е наша црква-мајка едногласно е прифатено од нашиот Свет синод. Некои од соработниците можеби и имаат свое видување, но важно е што решава и вели мнозинството“- рече тој. 

Минатиот месец МПЦ со писмо побара БПЦ да ѝ стане мајка црква. 

Слично

Поврзани вести