Гевгелија продава земјиште
Oглас за продажба на државно градежно неизградено земјиште наменето за градење на станбени објекти денеска објави Општина Гевгелија. Предмет на продажбата преку електронско јавно наддавање се три парцели за градење индивудуални станбени објекти во урбаната единица Караорман и една парцела за изградба на колективна станбена зграда во централното градско подрачје. Почетната цена на парцелите за индивидуално домување изнесува 61 денар за метар квадратен, а на парцелата за колективно домување 2.570 денари за квадрат. Заинтересираните инвеститори за парцелите во Караорман треба да ги достават пријавите на адреса на општина Гевгелија до 23 овој месец, односно до 3 декември за парцелата во централното градско подрачје. Електронското јавно наддавање во траење од по 30 минути ќе се одржи на 28 овој месец и на 7 декември.
Слично
