Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гевгелија ја „потопија“ над 100 литри на метар квадратен дожд

Гевгелија ја „потопија“ над 100 литри на метар квадратен дожд
Силни врнежи од дожд ја зафатија цела Македонија во последните 24 часа, а најмногу дожд наврна во Гевгелија - дури 101 литар на метар квадратен. Во Скопје се измерени 60 литри на квадратен метар, покажаа податоците на Управата за хидро-метеоролошки работи. Најмалку дожд наврнал во Берово - три литри на метар квадратен, и во Охрид - пет литри. Во жолт метео-аларм заради дождови и грмотевици денеска се наоѓаат уште северозападниот и југоисточниот дел од земјата. Метеоролозите очекуваат интензитетот на врнежите постепено да се намалува и кон крајот на денот тие сосема да престанат. Дневните температури и денеска ќе се движат околу 25 степени Целзиусови. Благ пораст на температурите се очекува во следните неколку дена, но променливото време ќе се задржи до крајот на неделава.
Слично

Поврзани вести