Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гевгеличани јасно кажаа „НЕ“: Чистата околина им е помила од рудниците за злато

Гевгеличани јасно кажаа „НЕ“: Чистата околина им е помила од рудниците за злато

Мирна атмосфера и единствена порака испратија вчера Гевгеличани кои во голем број излегоа да се изјаснат ЗА или ПРОТИВ отворањето на рудници за злато на планината Кожув.

Во гласачкиот список се наоѓаа 19,459 граѓани со право на глас а гласале 13.097 граѓани. До 19 часот 99,1 одсто од граѓаните се изјасниле ПРОТИВ рудници за злато . Од нив само 154 гласале за доделување на дозвола за експлоатација на злато во тој регион.

Дека референдумот е успешен потврдуваат и од Општинската  изборна комисија на Гевгелија.

Гевгеличани со гласањето против отворање на златни рудници кажаа „да“ за чиста околина и здрава иднина на своите деца и внуци.



Слично

Поврзани вести