Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ОДИ ВО ПРИТВОР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТЕ, родителите му ги доверувале трите деца на 2, 6 и 8 години на чување

ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ОДИ ВО ПРИТВОР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТЕ, родителите му ги доверувале трите деца на 2, 6 и 8 години на чување

Осумгодишно дете било злоупотребено од повозрасен Гевгеличанец на кого ОЈО му определи притвор. 

- Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик - соопштуват од ОЈО.

Од Обвинителство посочуваат дека осомничениот, на кого родителите му ги доверувале на чување трите деца на возраст од 8, 6 и 2 години, искористувал исти прилики и во повеќе наврати вршел кривично дело обљуба врз најстарото дете.

- Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истагата со влијание врз сведоците и соучесниците и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата за претходна постапка го прифати предлогот и му определи мерка притвор во траење од 30 дена - соопштува ОЈО. ​​

Завчера МВР соопшти дека е уапсен Ѓ.А. (61) од Гевгелија затоа тоа што извршил обљуба врз малолетник од истиот град. 

Слично

Поврзани вести