Гевгеличанец удрил во паркирано возило и починал
С.С.(56) локален жител починал откако со своето возило удрил во друг паркиран автомобил на улица .„Моински пат“ во Гевгелија.
Гевгеличанецот управувал патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки и удрил во паркирано патничко возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки.
„На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, објави МВР.
Слично
