Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРОСКИ ЖЕСТОКО КОН ШИЛЕГОВ: Што му порача на Фејсбук?

ГЕРОСКИ ЖЕСТОКО КОН ШИЛЕГОВ: Што му порача на Фејсбук?

Новинарот Бранко Героски на Фејсбук го искритикува скопскиот градоначалник, Петре Шилегов затоа што на настанот каде давал отчет сакајќи да се покаже духовит, направил шега на негова сметка. 

Тој му порачува следен пат да не го споменува во негово отсуство. 

„Имено, си рекол дека жалиш што Саше Политико не дошол на забавата, веројатно знаејќи дека јас сум поканет, а и јас не сум дошол веројатно поради тоа што бил поканет поликлиничкиот случај. Вака стојат работите, градоначалниче. Во врска со настанот, уредно ми се јави Vlatko Vasilj. Мислејќи дека најавената вечеринка е некаков брифинг, на Влатко му кажав кој ќе присуствува од "Слободен печат" и му нагласив дека не сум сигурен дека ќе можам да дојдам, па најверојатно ќе дојде претставник на Плусинфо. Не прашав кој е поканет. Така што не знаев дека се очекувало присуство на важниот гостин.

Како и да е, жал ми е што твоето протеже Саше Политико - немој, те молам, да ме тераш јавно да образложувам зошто го нарекувам така, оти ќе биде многу непријатно! - не дошол на забавата поради мене. Јеби га, шит хепнс! А твојата покана до него најдобро зборува за твоето ниво и за тоа како ги разбираш медиумите. Инаку, да знаев дека журката била замислена како некаков глупав перформанс, поради кој деновиве со право си изложен на жестоки критики, немаше да ја пуштам уредничката Стојковска, а уште помалку да ти се јавувам и од тебе да барам извинување што организаторите не го пуштиле претставникот на Плусинфо. Момчето не се снашло изгледа - мислело дека оди на брифинг, а не на заебавање. Не би се снашол и јас, право да ти кажам“, пишува Героски. 


Тој го критикува односот на Шилегов кон медиумите. 

Слично

Поврзани вести