Економија, финансии, бизнис

Контакт

Героски за Фактор: Без насилства, ќе има референдум

Героски за Фактор: Без насилства, ќе има референдум

Договорот со Грција не е понижувачки, како што тврдат некои, туку е фер и достоинствен. Заев не прифати сè што беше побарано од него. Не прифати да се откажеме од нашиот национален идентитет. Тоа е најважно од сè, вели за Фактор, уредникот на Слободен печат Бранко Героски.

„Не сум убеден дека Атина имаше објективна потреба новото име да биде и за внатрешна употреба во Македонија, но ете, задоволувањето на тој каприц го разбирам како дел од политичкиот пазар неопходен за да се постигне договое“, вели Героски.

Што се однесува до протестите, тој апелира до противниците на договорот да протестираат достоинствено и без насилства.

„Сите граѓани треба да бидат спокојни, бидејќи Македонија своето мислење за договорот ќе го каже на референдум оваа есен. Апелирам и до полицијата енергично да ги спречи насилствата, бидејќи 27 април не смее да се повтори, ниту во парламентот ниту на улиците. Едноставно, насилството како метод на наметнување политичка волја е неприфатливо, вели Героски.

Слично

Поврзани вести