Економија, финансии, бизнис

Контакт

Героски му возврати на Заев: „Секое грне си наоѓа капаче“

Героски му возврати на Заев: „Секое грне си наоѓа капаче“

Му порачувам на премиерот Заев да не ме забавува со комични препораки каде и што треба да сум пријавел. Си има тој свои соработници и блиски луѓе што може да си ги подучува и на кои може да им наредува. На мене - не! - му порачува новинарот Бранко Героски на премиерот по денешната прес конференција на која Заев му рече да ги пријави сите сознанија кои ги има во истражните органи. 

-Јас сум слободен новинар, самиот одлучувам што пишувам, кому се обраќам и со кого би сакал да разговарам. За да ја задржам својата слобода, си дадов оставка во „Слободен печат”. Два пати оставка не можам да ви дадам…-потенцира Героски одговарајќи на кажаното од премиерот.

„Не смееме да правиме масакр врз никого. Героски јавно побара средба. Има истражни органи, но тој треба да оди таму и да пријави. Ред е да оди да пријави. Нема што кај Заев. Јас пијам кафе со секој, но на оваа тема нема што со мене да се разговара, туку во институциите“, кажа Заев. 

Слично

Поврзани вести