Германците чуваат 6.5 милијарди евра во марки
Германските граѓани чуваат 6.5 милијарди евра во марки, соопшти централната германска банка.
„Многу од марките ги чуваат од носталгија, а некои пари се заборавени“ - се наведува во соопштението.
Неодамна еден граѓанин од Луксембург на таванот кај својот починат татко пронашол 69.000 германски марки. Сличен случај имаше и во покраината Хесен, каде при рушење на куќа се најдени во кутија 60.000 марки.
Откако пред 14 години е воведено еврото, годишно граѓаните враќаат по 100 милиони германски марки на централната банка.
Германија е земја која не воведе временски рок за тоа до кога ќе треба марките да се заменат со евра.
Во Франција и Италија тој рок помина, а Шпанците своите пезети можат да ги враќаат се до 2020 година.
Слично
