Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германско МНР: На земјата и е потребно брзо формирање на нова влада

Германско МНР: На земјата и е потребно брзо формирање на нова влада

Од Министерството за надворешни работи на Германија попладнево излегоа со реакција за ситуацијата во Република Македонија.

Оттаму велат дека е добро  што претседателот Ѓорѓе Иванов попушти и повеќе не го блокира формирањето на новата влада. 

„Оваа одлука долго се очекуваше и конечно го рефлектира исходот од изборите 2016 година во Република Македонија“ - стои  во реакцијата од германското МНР. 

Германското МНР ги повикува сите актери во Скопје сега да работат заедно и конструктивно во преговорите за создавање на престојната владина коалиција.

„Тоа што на земјата и е потребно и што граѓаните оправдано го очекуваат е брзо формирање на нова влада која што брзо ќе се вклучи во опсежната имплементација на „Договорот од Пржино“ и на другите итни реформски приоритети. Длабоките реформи се неопходни за да се овозможи продолжување на македонскиот пат кон евроинтеграциите“ - додаваат оттаму. 

Германија ќе продолжи  да ја поддржува земјата на овој пат, наведуваат од германското МНР. 

Слично

Поврзани вести