Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германските експерти пристигнаа во Тетово

Германските експерти пристигнаа во Тетово

Германските експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt), пристигнаа денеска во Тетово за да помогнат околу истрагата за несреќата во модуларниот ковид центар во која загинаа 14 лица.

Владата во четвртокот соопшти дека е прифатен предлогот да бидат повикани стручни лица од странство со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.

Станува збор за група стручњаци во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Инаку вчера беа погребани телата на 14 изгорени во трагедијата со тетовската модуларна болница, откако претходно на нив беше направена обдукција и идентификација од страна на судска медицина.


Слично

Поврзани вести