Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германските експерти кои ќе помогнат во истрагата за пожарот во Тетово пристигнаа во Македонија

Германските експерти кои ќе помогнат во истрагата за пожарот во Тетово пристигнаа во Македонија

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово. 

Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија за МИА од Владата. Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање. Во пожарот во модуларната болница во Тетово пред една недела загинаа 14 луѓе. Ќе се чекаат сите детали за да се види што со оставките на министерот за здравство, Венко Филипче и раководството во тетовската болница. 

Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во модуларната ковид болница.

Слично

Поврзани вести