Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот шеф на дипломатијата бара Иванов да го додели мандатот

Германскиот шеф на дипломатијата бара Иванов да го додели мандатот

Претседателот Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за Влада и да се стави крај на блокадата во Македонија, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел.

„Постои парламентарно мнозинство во Собранието, кое се оформи после изборите и врз основа на изборите. Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме за тоа, на целиот Западен Балкан, а особено по однос на актуелната ситуација во Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот“ - вели Габриел.

За загриженоста за ситуацијата во Западен Балкан и пред се во Македонија, Зигмар вчера разговарал со неговиот шпански колега, Алфонсо Дастис во Берлин.

Тој додава дека има неизвесност и со тоа се будат старите емоции што претставува голема опасност. 

Слично

Поврзани вести