Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот МНР Хајко Мас денеска во Скопје

Германскиот МНР Хајко Мас денеска во Скопје

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, како следен во низата на високи политички лидери од Европа кои се сретнаа со македонските државни функционери по неуспехот на ЕУ да додели датум за отпочнување на преговорите со земјата.

Шефот на германската дипломатија ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров и ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за делот на реформите и добрососедските односи.

„Ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Покрај со Димитров, се очекува Мас да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Во изминатиот период Заев беше гостин кај италијанскиот претседател Џузепе Конте, додека Пендаровски имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон.


Слично

Поврзани вести