Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот дипломат Хелбах му „згрме“ на Иванов да овозможи брзо формирање влада

Германскиот дипломат Хелбах му „згрме“ на Иванов да овозможи брзо формирање влада

Во текот на денешната дипломатска офанзива кај шефот на државата стигнаа пораки за безо формирање на влада и почитување на изборниот резултат.

Кристијан Хелбах, Специјалниот ополномоштеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите по средбата со претседателот Иванов потенцираше дека е потребно брзо формирање влада која ќе биде посветена на имплементирање на реформските приоритети.

Хелбах го повтори ставот на Германија кој е ист со оној на Брисел и еврокомесарот Хан.

„За да може ова да се оствари (интеграцијата во НАТО и во ЕУ, н.з.) клучни се реформските процеси. На луѓето им се потребни работни места, социјална безбедност, владеење на правото и ефективни мерки против корупцијата – рече тој и ги повика партиите да се воздржат од отворање „прашања кои не се поврзани со овие приоритети.

“Ние сме уверени дека претседателот Иванов ќе покаже мудрост, ќе ги почитува резултатите од неодамнешните избори и ќе овозможи мнозинството во Собранието да формира влада што е можно поскоро“, рече Хелбах .

Тој ја потенцираше важноста од работата на специјалното јавно обвинителство  со независна и веродостојна судска поддршка.

Хелбах отсечно одговори дека нема ништо спорно кај албанската платформа и дека некој прави беспотребни тензии.

Фото: Мета

Слично

Поврзани вести